Директор на Завод за заштита и рехабилитација

 

Директор на ЈУ Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е Јустина Гноинска - Димитриева, по професија дипломиран политиколог со педагошка специјализација. Родена е во Полска, каде што го има стекнато и своето образование, а веќе 25 години работи и живее во Македонија. На функцијата Директор на Завод Банско е од 2007 година.

Својата функција, која пред се подразбира менаџирање со самата установа ја врши со голема посветеност и насоченост кон поуспешно интегрирање во надворешната средина на корисниците, кое подразбира нивна социјализација, едукација и активирање во одредени области. За таа цел Директорот врши постојано надградување преку меѓународни семинари за обука на корисниците за работа во работилници, соработка со држави од Европската Унија и размена на искуства со слични установи надвор од границите на Република Македонија. Со оглед на природата на установата, работните задачи и обврски на Директорот се доста комплексни и захтевни како од правен така и од хуман аспект, при што успешната соработка со Министерствата и други надворешни странки е неминовна.

 

 

Покрај гореспоменатото Директорот ја организира работата и раковди со установата, ја застапува и претставува истата, непосредно раководи со стручната работа и се грижи за нејзиното напредување. Предлага програма за работа и превзема мерки за нејзино спроведување, ги спроведува правосилните судски одлуки, поднесува извештај за работата, како и за материјално-финансиско работење до управниот одбор и до Министерството за труд и социјална политика, се грижи за работната дисциплина, извршувањето на работните задачи и други работи во согласност со Законот, Статутот и другите акти на установата.

 

Контакт со директорот на Заводот, г-ѓата Јустина Гноинска - Димитриева, може да остварите по пат на е-mail на адреса: direktor@zavodbansko.com.mk.

Copyright 2008 © Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско - Струмица